домаЖивотРепортажиДецата се главни гости, а родителите уживаат во хотелите „Селектум„ и „Астериа“...

Децата се главни гости, а родителите уживаат во хотелите „Селектум„ и „Астериа“ во Анталија

Семејството на хотелите „Селектум“ е едно од најголемите во Турција, а дел од нивниот бренд е присутен и во Виетнам, Куба и во Домениканската република.
Од 14-те хотели, 8 се изградени во Анталија, со различен стил, концепт и програма и едно заедничко нешто, познатата турска гостољубивост.
„Не можам да се сетам што последно правев на работа. А, тоа значи дека вистински се одмарам овде“, ни рече еден турист од Германија кој со семејството беше на одмор во хотелот „Селектум фемили ресорт“ во Сиде. Бевме дел од инфо турата на туристичката агенција „Фибула“ која во богатата понуда нуди пакет аранжмани со чартер лет, меѓудругите и во овој хотел.

Селектум Фемили Белек

Простран и удобен хотел, спој на елеганција и домашен амбиент, кој може да смести дури до 4.000 гости, а работи персонал од неверојатни 8.000 луѓе во топ сезона.

Селектум фемили ресорт Сиде

„И покрај големиот капацитет, имаме доста резервации за целата сезона која трае до октомври“, ни рече менаџерката на хотелот.
„Селектум фемили ресорт“ има главна зграда, езерски куќи и вили на три ката, лоцирани во средината на комплексот опркужени со базени. Постојат и „аква“ соби, близу до авка паркот.
Децата се главни гости во овој хотел. Забавите се тематски поделени за три возрасти, за деца и млади од 4 до 17 години. И најважното е, најмладите имаат цел луна парк на користење. Хотелот секако нуди услуга ултра сѐ вклучено, и има а ка карт ресотани: италијански, рибен, мексикански и турски.
Вреди да се посети и „Селектум лакшри“ во Белек, хотелот со врвно стилски уредени соби, поделени во неколку бои. Хотелот има лежалки среде големиот базен, богата гастрономска понуда, куќа за мачки и дури 53 различни видови на виски во барот.

Селектум фемили Белек

„Селектум Ноа“ хотелот се наоѓа во Белек на 35 километри од аеродромот во Анталија. Нуди луксузно сместување во 254 соби во главната зграда и 344 соби во вилите. Гостите го бираат хотелот затоа што е реновиран во 2025 година.
Дел од ова семејство е хотелот кој е еден од најлукзузните и е Русија во маало, а тоа е „Кремлин палас“ во Белек, со речиси 900 соби во главната зграда.

Кремлин Палас, Белек

И „Селектум фемили“ во Белек беше дел од нашата екскурзија. Таму, децата се како во најкреативниот забавен парк. Од бунгаловите преку лизгалка директно се спуштаат на тревата, зеленилото е како од бајка, а плажата е со ситен и златен песок.
Уште едно хотелско семејство кое е голем пријател на „Фибула“ е се „Астериа“ хотелите.

Asteria family Belek

Неверојатен спокој ќе почувствувате во хотелот „Астериа фемили“ во Белек. Смесетн е во шума, а на дрвјата има звучници од кои се слуша тивка релаксирачка музика која се меша со песната на птиците. Има вкупно 722 соби во главната зграда, двокатни бунгалови и соби околу хотелската градина. Има четири ресторани, повеќе барови, диско клуб, терен за одбојка и 7 тениски терени.
Помал и компактен хотел е „Астериа блум“ во Сиде, во кој владее домашна и топла атмосфера. Нуди отворени и затворени базени за возрасни, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг и гимнастика.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ