домаЖивотСцена"Силви бенд" со голем славенички концерт на Антички театар

“Силви бенд” со голем славенички концерт на Антички театар

„Силви Бенд“ го одбележува големиот јубилеј – 35 години музика, љубов и верност кон публиката со концерт на Антички театар, кој претставува најголем концерт во нивната досегашна кариера.
На 31 јули, под ѕвезденото небо и во волшебниот амбиент на Античкиот театар во Охрид, следува ексклузивен концерт со симфониски оркестар, кој ќе ги спои традицијата и елеганцијата во едно незаборавно музичко доживување.
Ќе ги слушнеме омилените хитови како: ,,Ангели ме носат”, ,,Ме полудуваш”, ,,1762 лето” и многу други што оставија белег на македонската музичка сцена.
Со овој музички настан тие ќе прослават 35 години активно музицирање, создавање хитови, евергрини и антологиски песни и чекорење по ѕвездени патеки на забавната музика.  Со еден богат спектар од изведби, концерти, мјузикли, “Силви бенд”, алијас Силвана Мучиќ и Влатко Плевнеш, континуирано ја слават и промовираат македонската, ромската, српската песна и песната од светските сцени.
Нивната креативност, посветеност, врвност, а секако и меѓусебна љубов и почитување, одамна се препознаени и уважени кај пошироката публика.
Билетите се достапни онлајн на ticketx.com.mk, како и низ продажната мрежа на TicketX низ цела Македонија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ