Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ќе ги прекине летовите меѓу Франкфурт и Скопје по повеќе од три години работа на оваа линија. Првично беше најавено дека летовите ќе бидат суспендирани само во текот на јуни и повторно ќе започнат од јули, но компанијата сега ги отстрани сите преостанати летови и за летната и за зимската сезона. Патниците ќе добијат алтернативни врски преку Виена, преку авиокомпанијата „Austrian Airlines“.
Линијата Скопје–Франкфурт беше воведена во април 2023 година и претставуваше директна врска со еден од најголемите европски авионски центри. Во изминатиот зимски период компанијата значително го намали бројот на летови, а маршрутата претходно функционираше со десет летови неделно.
Според информациите, промените се дел од поширока реорганизација на мрежата на летови на групацијата „Луфтханза“, која ги оптимизира своите европски операции и прави корекции на рутите.
Прекинувањето на оваа линија значи дека патниците од Скопје ќе имаат помал избор за директно патување до Франкфурт и понатамошни интерконтинентални конекции.
Н.Д.

