Американската амбасада во Приштина издаде предупредување до граѓаните на САД за зголемената закана од терористички напади во Косово, особено за време на велигденските празници.
Во соопштението на амбасадата, американските граѓани се повикуваат на претпазливост во трговските центри, туристички локации, ресторани и верски објекти, како и да избегнуваат поголеми групи на луѓе.
Американците се упатени да ги следат локалните медиуми, како и упатст а од амбасади или конзулати.
Американскиот Стејт департмент преку своите амбасади во светот ги повикува своите граѓани да внимаваат на сите големи празници.