На сцената на Демофест во Бања Лука оваа година сакаат да се качат 458 демо бендови од целиот екс-Ју, за што зборуваат резултатите од неодамна завршениот конкурс на најпознатиот и најголем фестивал на демобендови на Балканот. Најголем број на пријавени демо бендови се од Србија и Хрватска, како и БиХ а нешто помалку од Словенија Македонија и Црна Гора.
-Како што ние сме навикнати, во последните неколку дена ни пристигнаа најголем број на апликации, и сега се чека на селектирање. А потоа одбраните ќе настапат на фестивалот во Бања Лука, кој е поддржана од пиварницата на Бања Лука и УНЕСКО, а во јуни ќе се знае кои групи ги одбрало жирито, а и кој е во составот на жирито – вели Бранкица Раковиќ, ПР директор на Демофест.
Резултатите ќе бидат објавени на официјалниот сајт на фестивалот www.demofest.org, како и на официјалната Фб страница. Откако успешно е завршен првиот дел за оваа година, наскоро се очекуваат првите имиња кои ќе настапат во ревијалната програма на Демофест, вели Раковиќ. Овогодишниот Демофест ќе биде одржан од 19-21 јули на тврдината Кастел во Бања Лука.