Кафето е по малку магичен пијалок. Многу истражувања го поврзуваат кафето со различни бенефити за вашето здравје – од намалување на ризикот од деменција па до забрзување на вашиот метаболизам.
Се разбира, не помалку важен е и бранот на дополнителна енергија во моменти кога ни е потребна. Сепак, фактори како што се времето кога консумирате кафе и додатоците кои ги користите може да го намалат ефектот на овој популарен напиток. Подолу ќе откриете кои се најчестите грешки што луѓето често ги повторуваат.
Купувате мелено кафе
Се разбира, потребно е малку повеќе труд ако сакате сами да ги сомелете зрната кафе, но една студија објавена во списанието „Food Chemistry“, откри дека купеното мелено кафе содржи многу повеќе слободни радикали кои можат да доведат до оксидативен стрес и воспаленија во телото.
Го чувате кафето во оригиналната ќесичка
Наместо во ќесичката, држете ги зрната кафе во херметички затворен сад. Уште една студија објавена од „Food Chemistry“ покажа дека нивото на слободни радикали кои се наоѓаат во кафето се зголемува со секоја изложеност на воздух. Кога ова се случува, корисните антиоксиданси од кафето се „трошат“ за да се неутрализираат слободните радикали, поради што ќе останат помалку антиоксиданси за вас.
Пиете кафе рано наутро
Пиењето кафе во 7 часот наутро нема да влијае на нивото на вашата енергија. Причината за тоа е фактот дека вашите стрес хормони се на највисоко ниво токму кога ќе се разбудите, поради што ќе добиете природен наплив на енергија. Експертите се согласуваат дека најдобро време за конзумирање кафе е помеѓу 10 и 12 часот, кога нивото на кортизол (стрес хормон) ќе почне да опаѓа. На овој начин ќе го искористите природниот наплив на енергија која се јавува во утринските часови и ќе го „сочувате“ кофеинот за подоцна.
Пиете премногу кафе
Повеќе не е секогаш и подобро. Здравствените придобивки кои може да се добијат од кафето обично исчезнуваат по 5-6 шолји од 230 мл, што е околу 400 мг кофеин. Со конзумирање премногу кафе всушност нема да постигнете ништо, а на некои луѓе премногу кафе, исто така може да им наштети.
Користите премногу додатоци за кафе
Една од најдобрите „нуспојави“ на кафето е стабилизирање на шеќерот во крвта и намалување на ризикот од појава на дијабетес. Но, што се случува кога во кафето ќе додадете шеќер? Студиите се поделени – некои се согласуваат дека со додавање на малку шеќер во кафето сеуште може да го намалите ризикот од дијабетес, додека други тврдат дека овие ефекти исчезнуваат со додавање на шеќер. Затоа, обидете се да се држите до препорачаната дневна количина на шеќер – малку е веројатно во ред, но не претворајте ја шолјата кафе во десерт.
Премногу долго пиете шолја кафе
Дали ова ви звучи познато – сте подготвиле шолја кафе, сте зеле неколку голтки, а потоа сте заборавиле на него неколку часа? Ако тоа ви се случува често, имајте на ум дека киселоста на кафето расте со текот на времето. Ова не е голем ризик за здравјето, но дополнителната киселина може да доведе до лошо варење и поголемо нагризување на забната глеѓ. Исто така, кафето кое долго време стоело содржи помалку антиоксиданси, па затоа не пијте го кафето подолго од 20 минути.