Дуото „Емили ред гарден“, кое го сочинуваат Емилија Цветковска и гитаристот Милорад Савовски го подготвува првиот авторски албум. Албумот ќе го сочинуваат 7 или 8 поп рок нумери, ни објаснува Емилија.
Треба да излезе крајот на мај месец, а ќе биде проследен со официјална промоција. Текстовите и музиката на песните се лично авторски на Емилија, а аранжманите и продукцијата е на Милорад. Во песните се работи претежно за љубов, дополнува пејачката.