сабота, декември 21, 2024
домаКујнаМајкл Најман, Стив Рајх и Тери Рајли во изведба на пијанистката Дуња...

Мајкл Најман, Стив Рајх и Тери Рајли во изведба на пијанистката Дуња Иванова

В среда, 16 мај во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот, концерт ќе одржи истакнатата пијанистка Дуња Иванова.

И овој пат, во фокусот на програмата на Иванова се дела од современи композитори. Ќе бидат изведени неколку композиции од култниот филм „Пијано“, чија музика ја создаде влијателниот Мајкл Најман, како и „The Heaven Ladder“ од Тери Рајли и „Clapping Music“ од Стив Рајх, сите претставници на минимализмот, музички правец кој во од средината на минатиот век создаде нова димензија во класичната музичка уметност. Како гостинка на концертот ќе се појави македонската композиторка Ана Пандевска.

Дуња Иванова (1985) магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово); на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на Македонската музика, Музика вива, Филмскиот фестивал Браќа Манаки; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави и во рамките на балетски претстави. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото.

Учествува со свои трудови од областа на музичката теорија и практика на трибините на здружението на педагозите по пијано на Македонија ЕПТА, на конференциите на Институтот за истражување и архивирање музика ИРАМ, на научно-стручни собири на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје.

Автор е на книгите ,,Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016), „Естетското доживување на музиката“ (2010), на публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010) и „Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012).

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ