среда, декември 18, 2024
домаКујнаКан: Агенцијата за филм потпиша договори за соработка со Бугарија

Кан: Агенцијата за филм потпиша договори за соработка со Бугарија

Непосредно пред почетокот на престојниот Самит на земјите од Западен Балкан што се одржува денеска, 17 мај во Софија, Р. Бугарија, директорот на Агенцијата за филм на Р. Македонија, Горјан Тозија со директорката на Бугарскиот филмски центар Жана Караиванова, денеска во Кан го усогласија и го потпишаа текстот што ќе биде основа за да се потпише и да стапи во сила Договорот за копродукција на аудиовизуелни дела и меѓусебна соработка меѓу двете земји на полето на филмската уметност.

На потпишувањето на договорот присуствуваа филмски продуценти и режисери од двете земји, кои долго време ја очекуваа оваа спогодба за да можат да ја олеснат и да ја продлабочат взаемната соработка.

-Низата настани во рамките на Канскиот филмски фестивал, уште еднаш потврдија дека универзалниот јазик на филмот и уметноста е лесно разбирлив кога станува збор за регионалната и европската соработка и дека нивниот културолошки импакт значително ги олеснува политичките пречки и недоразбирања – велат од Агенцијата за филм.

Пред три дена на 13 мај, во рамките на Канскиот Филмски Фестивал, Агенцијата за филм потпиша и договор за соработка и со филмската институција од Косово со г. Арбен Зарку, а почна и со разговори за потпишување на договорот со Мишел Плазанет од  Centre national du cinema (CNC). Остварени се и контакти со „Телефилм Канада“ со кои исто така ќе се верификува соработката меѓу двете кинематографи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ