Ако се грижите за своето здравје и настојувате да се храните здраво, често посегнувате по овошен јогурт или суво овошје за да ја задоволите желбата за слатко. Но, токму овие намирници имаат скриени шеќери и нивното прекумерно конзумирање не е добро за вашето здравје. За некои од нив, можеби и знаевте, но не е лошо да се повтори и запомни која храна треба да се стави под контрола.
Само затоа што е збогатен со овошје и овошни вкусови, овошниот јогурт не е нужно здрав. Напротив. Се проценува дека пакување овошен јогурт може да содржи до 30 проценти шеќер, што не треба да се игнорира. Ако веќе сакате овошен јогурт, зошто да не го направите сами, особено сега кога пазарите се полни со различно овошје.
- Сосови, преливи и течни зачини
Тешко би очекувале сос за скара, кечап или сенф во голема мера да се збогатени со шеќер, но така е. На пример, токму сосот за скара содржи дури 33 проценти шеќер.
- Протеински коцки
Некои намирници од овој тип содржат и до 20 отсто шеќер, што секако не е нешто што луѓето кои практикуваат фитнес и здрав начин на живот го сакаат. Иако ви требаат протеини за да ги задоволите вашите потреби, обидете се со сурови
бадеми, кикирики или семиња наместо овие засладени – тоа може да ви користи.
- Сушено овошје
Знаеме дека свежото овошје содржи природен шеќер, но кога плодот станува суво овошје, шеќерот станува концентриран и го намалува нивото на влакна кои во телото се одговорни за забавување на варењето на храната. На пример, 100 гр суви јаболка содржат дури 80 г шеќер! Од друга страна, само пет до шест урми може да содржат повеќе од 30 проценти шеќер – размислете за тоа следниот пат кога ќе посегнете по суво овошје.
- Житарки
Житарките се полни со скриен шеќер и можат да ве изненади дека некои видови содржат повеќе шеќер од едно парче торта! Дури шест од десет видови житарки содржат повеќе од препорачаната доза на шеќер и добро е да се информирате за тоа.
- Конзервиран зеленчук
Кој би рекол дека гравот, грашокот, боранијата, морковите и сличен конзервиран зеленчук содржат скриен шеќер, но така е. Само обрнете внимание на декларациите следниот пат кога сте во шопинг и ќе забележите дека повеќето, покрај останатото содржат и шеќер. Тој во конзервираниот зеленчук се користи за подобрување на вкусот и продолжување на рокот на траење, но сепак не ги прави здрави овие намирници.
Лебот, особено белиот, содржи многу шеќер во него. Црниот леб, покрај шеќер, може да содржи и какао (оттука потемната боја), и слични „збогатувачи“ на вкусот и бојата, па со парче леб, внесувате и до четири грама шеќер!
ЗАБЕЛЕШКА: Препорачаната дневна доза на шеќер за жените е 25 гр, за мажи 36 гр, што ја прави храната од оваа листа исклучително штетна доколку се консумира премногу и како што не треба.