петок, ноември 15, 2024
домаЖивотСцена„Десонанз фестивал“ домаќини во клубот „Грисмуле“ во Берлин

„Десонанз фестивал“ домаќини во клубот „Грисмуле“ во Берлин

Македонскиот електронски фестивал „Десонанз“ кој годинава обележува 10 години од основањето, на 15 август ќе биде дел од маратонска берлинска журка која се одржува во вториот најголем клуб во Берлин, „Грисмуле“. На тамошна покана, претставниците од „Десонанз“ освен што ќе настапуваат и ќе го промовираат концептот на македонскиот фестивал тие ќе бидат и куратори на интернационалната програма. Ова претставува голем и значаен чекор кон приближувањето на берлинската електронска сцена и отвора можности за понатамошни соработки, не само за екипата на „Десонанз“ туку и на сите наши чинители на електронската сцена.

Журката е во организација на клубот „Грисмуле“ чие име значи мелница, е легендарен и има култен статус во Берлин. Тој е еден од првите клубови кои избегаа од локалниот звук на Берлин и се заинтересираа за странски издавачки куќи, и најголемата издавачка куќа во Германија за електронска музика „КилеКил“. Македонски артисти кои ќе настапат се Андреј Анчевски (Андреас Херц), Мартин Чанаќевиќ (Мартчин) кои ќе претстават сет кој го опфаќа звукот на „Десонанз“. Ќе настапи и Димитар Николов (Кроном), кој веќе се пробива како еден од најквалитетните млади продуценти и диџеи на македонската електронска сцена.

Селекцијата за интернационалната екипа која што ја направија од „Десонанз“ за Берлин ги вклучува артистите Онтал (Србија), Рoмек (В. Британија) и Торн Реликс (В. Британија), како хедлајнери, кои се релативно нова супергрупа и нивното берлинско деби го прават токму преку овој настан.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ