петок, ноември 15, 2024
домаЖивотЗдравјеНикој не е имун на „мајмунските сипаници“

Никој не е имун на „мајмунските сипаници“

Веста дека во Западна Европа се појавија првите случаи на “мајмунски сипаници”, ја вознемири јавноста во регионот, па во Србија веќе има засилени проверки на граничните премини, особено поради стравот дека би можело да има ширење на оваа болест во регионот. Дали има некоја причина за страв и за каква болест всушност станува збор, за БЛИЦ објаснува проф. д-р Зоран Радовановиќ, спец. епидемиолог.

“Тоа не е нова болест. За “мајмунски сипаници” се говореше во 70те години, но во време кога се искоренија големите сипаници во 80те години се веруваше дека мајмунските сипаници може да бидат нивна земана, но тоа не се случи”, вели епидемиологот Зоран Радовановиќ.

Иако со децении е познат во медицината, за широката јавност, “Monkeypox” или мајмунските сипаници сеуште се непознати.

Епидемиолозите тврдат дека се поблаги од малите и големите сипаници и со помала веројатноста за пренесување од човек на човек. Во моментов постои страв од можноста да дојде до мутација на вирусот со што ќе се олесни преносот, но веројатноста за тоа е мала. Тешко е да се пренесе и од мајмун на човекот. Мајмунските сипаници се еден вид на вирус кој обично се пренесува од приматот на приматот.

Тие исто така имаат географска дестинација, па затоа се најзастапени во тропска Африка. Меѓутоа, во Обединетото Кралство, биле регистрирани пациенти со “болест на мајмунски сипаници” (вирусот бил донесен од патници од Нигерија).

Симптомите на овие сипаници се појава на треска, покачена температура, и по два до три дена се појавува осип на кожата на телото. На листата на симптоми е и слабост, зголемување на лимфните јазли, а крајниот стадиум на болеста преминува во варичела красти кои се исфрлаат од кожата.

Она што предизвика внимание кај широката јавност е информацијата дека не постојат лекови и вакцини против овие сипаници.

“Вакцините против големи сипаници се целосно неефикасни против “мајмунските сипаници “, додека оние кои се дават против овчите или големите сипаници, може да дадат одредени резултати, но тоа не е научно потврдено,”,вели епидемиологот Радовановиќ.

Важно е да се каже дека стапката на морталитет за овој вирус е исклучително мала, но проф. Д-р Зоран Радовановиќ истакнува дека не постојат повеќе или помалку ризични групи за појава на оваа вирусна болест.

“Секој има еднакви шанси да се разболи. Не е како кај ендемичните болести каде што  има разлики”.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ