Пишува: Валентина Георгиевска Парго
Во далечната 1961 година, зедов стипендија за Воена академија. Арно ама, пред матурата, мајка ми почна да плаче оти цел живот нема да ме видела. Тогаш им реков: одлучете се или оваа или другата академија. Тогаш татко ми Боро се смилува- Добро оди тогаш „глупец“! , се потсетува на почетоците Грозданов
Доајенот на македонското глумиште Мите Грозданов, е еден од оние актери кој постојано ја има довербата на публиката. Заслужна за тоа е неговата повеќедецениска од успешна поуспешна работа во сферата на актерството, режијата и пишаниот збор. Со еден збор- Човек-легенда!
Мите Грозданов е големо македонско актерско име, роден струмичанец, а интересно е за Вас што дома, се уште си зборувате на Струмички дијалект. Се сеќавате ли која беше најважната работа што уште во младоста ве привлече кон глумата?
-М.Г. : Ниеден дијлект не смее да биде литературен јазик. Но, ниеден дијалект не смее да се уништи бидејќи е тоа богат фундус на зборови, кој ни овозможува да го оприродниме овој вештачки јазик што го создаваме! Две третини од етничка Макединија говори а коренот на струмичкиот дијалект! Кога зборуваме дома струмички, подобро ја чувствуваме разликата помеѓу дијалектот и литературниот јазик, користејќи и живи зборови што до денес се зборуваат меѓу луѓето од различни средини. Се чувствуваме мошне природно кога го говориме литературниот, и кога некој ќе ни дојде на гости и кога настапуваме јавно. Што се однесува до моите почетоци, уште од дете многу сакава да гледам театар и кино ( Тв немаше) и се соживував со пртагонистите. Но, ни крај памет не ми беше и да помислам да бидам такво нешто, иако во малото емитиравме се што гледавме, но тоа не беше причина да се заљубам во глумата. Во 1960 година на изграбата на автопатот Скопје – Белград се запознавме со Јачев Ѓ. Ристо. Тој го емитираше Џемс Дин и толку ми зборуваше за театар (играл во штипскиот) што мене ми ја внесе чивијата, а тој стана поет. Истата година, великанот на струмичкио театар Александар Думев го открива мојот талент, Ацо Алексов , режисерот, ме внесе во театар од како ја гледаше „Селска учителка“ во режија на Думев, со нашата драмска секција. Ме праша: „Зошто бе пичлеме ти не идеш во театарот?“ Одговор: „Абе бато Ацо сакам да идам ама ми е срам“. – И така мене и Кирил Здравски не внесоа преку „Скротениот бес“ од Шекспир во режија на Блог Андреев и бевме на турнеа еден месец низ Македонија. Парите беа огромни донесов дома четири и пол плати таткови (7 000 динари плата). Дневницата ни беше 1.200 динари, со 200 можеме богато да јадеме. Им помагавме на сценските работници, а тие ни дозволуваа да спиеме на сцена, покриени со суфити за да не трошиме по хотелите. Потоа работев и со бардовите Стојан Гогов, Чедо Христов , Бранко Сртаврев…
Кога решивте дефинитивно глумата да биде Вашта професија?
-За конечната одлука да бидам глумец и да одам на студии во Белград, а најголем виновник беше мојот професор Роберт Ансаров – матетматичар ! кога им реков дома ќе одам на глума татко ми жестоко реагираше: ,, Што, ќе те правам глупец ? исто како што не ми даде да изучувам виолина, ни фудбалер да станам. Тогаш во 1961 година, зедов стипендија за Воена академија. Арно ама, пред матурата, мајка ми почна да плаче оти цел живот нема да ме видела. Тогаш им реков: одлучете се или оваа или другата академија. Тогаш татко ми Боро се смилува- Добро оди тогаш „глупец“! Среќа ги чувал парите од двете години стипендија, ги врати. Не спремаше Ристо Шишков!
Со „Солунски патрдии“ до ѕвездите
Струмица е град со актерско минато, но Скопје секако дека ги нуди главните можности за раст и развој во секоја професија. Кога се преселивте во Скопје, своевремено, која ви беше идејата водилка?
М.Г. : Струмица е моето актерско минато, но е и голема актерска сегашност, затоа што ја има една од најизвонредните публики во Македонија. Ако те бива те дигаат во облаци, ако не чиниш те шиканираат. Незнам која ми била или не идејата водилка, оти и да сум ја имал било каква, се падна во вода, зошто со декрет ме доведоа во Драмски театар и од 15 август 1967 година како постојан член, влетував од улога во улога, така што сите идеи се претвораа во работен однос, напор, среќа, радост, жал, а сето тоа при реализација на проектите што се испречуваа пред мене.
Урнебесната комедија „Солунски патрдии“ на времето ве лансираше во светот на ѕвездите, македонските ѕвезди. Пошироката публика и ден денес ве памети по таа улога, иако вашиот лик беше дел и од многу други филмови. Потсетете се на некоја од најинтересните случки на снимањето на овој историски Телевизиски производ.
М.Г. : имаше многу случки од кои полно видовте Иина екранот. Но, најинтерено беше тоа што кога ја добив улогата на Јоргос ( а во театар го играв Аџи Јанкула) требаше да научам грчки и како изгледа грк да зборува Македонски.. ми дојде еден егец и ме праша како ќе почнеме? Му реков: Фонетски. Како тоа Фонетски? – ме праша. Ти ќе читаш а јас ќе ги бележам акцентите. Кога завршивме со часот „утре кога?“ му велам да дојде по една недела. Се прекрсти и си отиде. По една недела тој ме слушае, а јас говорев грчки. Се чудеше како е тоа можно да запаметам се му реков дека ми помогнал дедо Боже, малку талент и … се прекрсти три пати и си отиде, а јас си го направив расипаниот грчко – македонски, сам. Така беше со шпанскиот во „Болва во уво“и со германскиот во „Бошко Буха“. За, жал на 42 години сфатив дека сум полиглот. Како тоа не го дознав на 22 години.
Сублимирано и накратко- во колку драми и филмови зедовте учество?
М.Г. : точно 59 премиери (околу 40 тина главни ролји) пота гостување во МНТ, албанска драма, во театрите во Штип, Струмица. Ад хок проекти и ангажманот во мојот „Театар Македонија“ што ќе рече 50 тина нови улоги, што даваат збир од преку 100 лика на сцената и еден куп професионални и аматерски режии. Тука се и 10 филма за Вардар филм (екслузивно јас сум едниствен македонски актер кој одбил да игра во македонски филм затоа што странци играа поголеми Македонци и поголеми струмицани од мене). Од југословенската продукција ги имам „Чад“, „Сутјеска“,… од ТВ продукцијата сублиматно можам да ви кажам дека имам играно преку 200 . ТВ драми, филмови, серии … во радиото бројката е повеќе стотици улоги И над преку 100 режии.
Добитник сте на многу награди и признанија. Кога ќе ги видите сите тие изложени дома, што е првото што си помислувате- ова е над моите очекувања, или ова е премалку во однос на она што можев и можам?
М.Г. : Ги имам скоро сите можни награди од Гевгелија до Сежана во бивша СФРЈ. Се разбира и во Македонија, вклучувајќи ја и последната за животно дело на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Имам повеќе од 10 награди, горд сум на нив бидејќи сум ги добил незнајќи и без да сум се замешал во доделувањето. Лут сум затоа што уметноста кај нашите владари не е верифицирана на вистинското ниво. И додека целиот свет признава дека сме талентирани, ние за себе велиме дека сме нула.
Трите деца, различни, а сите театарџии!
Денес немаме актерски ѕвезди, како што бевте вие некогаш. Што се смени- кај публиката или во филмската уметност? Има ли разлика во однос на актерството некогаш и денес?
М.Г. : Се додека во македонските филмови главни улоги играат странци, како поголеми Македонци од нас, нема да има големи филмови. Публиката не е виновна. Ние како фела сме тие што треба да ја водиме публиката во сите жанрови. Драмски театар Скопје стана еден од најдобрите театри во Југославија оти игравме заедно млади и стари актери. Пракса беше нон – стоп да се прима подмладок (не имаше од пет академи од Загреб, Белгад, Софија, Скопје и Букурешт) старие асови постојано играа, а и ние со нив учевме од нив, ги почитувавме и резултатите беа неминовни. На секој фестивал на кој ќе отидевме им се тресеа коските од нас бидејќи скоро секогаш им земавме најмногу награди. А сега дојде генерација која пред 10 години рече -. Прваците нема да играат, само ние! . Ни претстави прават големи, ни публика има. Се додека не заиграат младите и старите заедно, нема никаква иднина за театарот во Македонија.
Како е да се биде актер од „стар ков“ во Македонија. Ги добивте ли заслужените почести од страна на државата?
М.Г. : Единствено Драмски театар Скопје достоинствено ме испрати на 23 декември 2008 година, со претстава. Тоа нешто беше долго време заборавено. Решенијата се даваа на портирница. А државата не ! Владите се додека не ги земат прерогативите во уметноста како квалификатив за верифицирање и на наградување на вредноста на уметникот, а дава плитички признанија на послушни војници – ни една вистинска вредност – нема да ги добие заслужените признанија
Вашите деца не тргнаа по Вашите стапки. Намерно ги одвратувавте од идејата да стапнат на „штиците што живот значат“, како човек која ја искусил и сласта и горчината на истите, или самите тие не пројавија таков интерес?
М.Г. : Зорица, Борче и Марија се вљубени во театарот, дури и моите внуци. Не сум им сугерирал ништо изборот беше нивен затоа, не можат да кажат дека јас сум ги зафркнал. Зорица тргна на економски факултет, но дипломираше брак од кој ми роди три внуци. Големиот внук дипломира Италијански и шпански, знае англиски, ќе бидам среќен ако научи и руски. Борче заврши философија, а од првиот ден од дипломирањето е со театарската критика и новинарството. Стана ценет критичар, и веќе 15 години е во „Вечер“, значи и тука театарот тече. Марија дипломира Македонски јазик И положИ лекторат на филолошкиот факултет. Сега е наставник по македонски јазик во ОУ „Братство“ каде меѓу другото води и драмска секција. Сите се различни, а сите театарџии.
Покрај тоа што сте актер, Вие сте и пишувач, а вашиот син Борче веќе е признат новинар и поет со издадени четири стихозбирки, со поставени неколку драми. Што подговувате од областа на пишаниот збор, преку кој писателски жанр ќе ја покажете и таа страна од Вашиот талент?
М.Г. : Имам три збирки поезија „Откорнат од душата“, „Земјанец“ и „Ме болат мислите“, драмата „Кој што им може“, а готова е и книгата „Драматизации и адаптации“, стручна книга која чека донции за објава. Во подготовка е четврттата книга поезија, романот за војвањето низ ЈНА и романот за Трајан Мартиноски – Талентие. Ќе се тркаме со убавина, со син ми, а кој ли ќе го повлече првиот потег?!
Рековме, Борче е сценарист на неколку драмски текстови. Подготвува ли нешто и за вас, ќе напише ли текст кој вие ќе го одглумите на сцена или можеби ќе ја напише еден ден биографијата на големиот Мите Грозданов.
М.Г. :Пишува монографија за Мите Грозданов. Но ако напише оригинално дело и ако ми се допадне сигурно за него и за публиката ќе имам сили да ја спремам деветата монодрама. А белким ќе ме инспирира да се само запишам и во десеттата. Па доста е за еден мал живот. Зошто сеуште не сум чул дека некој, во светот има 8, а камоли 10 монодрами!