Објавата за тешкиот начин на преживување на струмичанецот Коста Бургов, познат по своевидно креирање и снимање на забавни песни, покрена и други реакции. Имено, музички композитор и некогашен продуцент вели дека го поддржува Бургов да успее, да ги батали суицидните мисли и да продолжи да се бори. Тој открива дека ни нему не му е подобро. Се мачи да преживее.
-Ни јас не сум во подобра ситуација веќе неколку години. Откако ми починаа родителите тешко се снаоѓам. Живеам сам, немам ни социјално, ни друга езгистенција, што се вели за леб, немам ни денар. Ми помагаат некои другари, пријатели. Инаку во музиката сум од почетокот на деведесеттите години, кога се беше поинаку. Успевав да правам песни да имам настапи по дискотеки за што ми плаќаа од 1.000 до 2.000 денари од настап, да соработувам со други музичари. Сега нешто работам со странство, но тоа не е доволно. Од друга страна немам шема како да ги побарам потенцијалните пејачи и да им понудам песни, освен преку ФБ, но не е тоа тоа….
Според него вината е во шемите и договорите кои се прават меѓу неколку естрадни кланови.
– Некои композитори се врзаа станаа империја и не даваат другите да живеа. Ќе пробам, морам некако да се вратам на македонската сцена, иако ни таму не е розово. Како и да се свртиш- македонска сцена нема. Има само полтрони кои земаат пари од власта, се подбутнуваат со партијата која е на власт, и толку. Нема продалжба на носачи на звук, нема концерти, нема леб заработен од свој труд. Само преку партија. Нема друго, освен и јас да се борам, иако не знам по сегашниве „правила“, ова не ми е својствено, во еден здив раскажува тој.
Тој смета дека само неколку композитори со свои студија работата дорбо, и не даваат никој друг да „помине“, користат како паравани- декор неколку млади композитори, навидум дека ете и тие работаат, но тие се под нивна контрола и на крај се завршува кај нив. Сиот профит.
-Тие се беља. Со нив не можеш да излезеш на крај, перфидни и манипулатори. Познавам и диџеи кои направија добра заработка, преку плукни-залепи семплови. По неколку албуми во годината извадаат и само мачкаат очи на тие што не знаат и не ја разбираат музиката, но тоа во јавност им ја подигнува популарноста. Таква хиперпродуктивност ни од оригиналниот Принц немаше, тој објавуваше тројни албуми ама не годишно и тоа извадени од неговиот талент. А нашиве ем цедиња ем компилации, ем настапи, само за пари, каде ќе насетат дека може да земат..
Музичарот тврди дека кај нас не се прави оригинална музика, туку одредени музичари користат странски сепмл пакети залепени, доработени и претставени како да се во нивно авторство.
-Јас од душа ја вадам музиката, било каква да е. Правам мелодија, музика, аранжман . Се пријавив на еден забавен фестивал и разговарав со директорот, но ми рече дека дури и да ми ја примат мелодијата тие треба да направат аранжман. Не се согласив под такви уценувачки услови. Или дајте ни да бидеме кретаивни до крај, или ја напуштаме вашата игра. Станува опасно, да се игра и живее по „правила“ кои не се правила. И заработката од аранжманот да им припадне на истите и песната да ми ја упропастат. Можеби јас имам поинаква музичка визија од нивната? Зошто мора да бидат вклучени и во моето дело?
Музичарот ни раскажува дека нема работа: „работа тешко се добива, работните места ги наполнија со неквалификувани, а ние кои имаме некакви дипломи и знаење сме извисени“, вели тој
А што се однесува до негвата егзистенција таа е страшно загрозена. Еве што јади:
-Леб, сув, маргарин, паштета макарони и тоа од најефтините. Ако едно има, друго нема и така…Не знам дали јас сум крив што се предадов без борба, требаше да мислам само на заработка. На брза заработка. Систeмот те фрла на маргини, ако работиш по правила и почитуваш еснафски правила. Ако не си манипулатор во музиката.
Од некогашните музички изработки, од ЗАМП на годишно ниво земал некаде околу 100 евра
-Доста е од жалопојки, песна е да те развесели, а не патетика, каква што креираат нашите „големите композитори“ последниве години, едни те исти, и затоа публиката слуша се што доаѓа од надвор а не наша музика, на крај констатира во однос на она што се случува на сцената.
Оваа приказна за музичар кој гладува (името познато на новинарот) е напишана за да го иницира Министерството за култура да обрати повеќе внимание каков хаос владее во однос на шемите и финансиисте, и дека за секој мора да се најде место за некој вид ангажман и приход. Да почнеме од некаде во средување на нештата во општеството, кое последнава деценија сосема го руинираа профитерски и бескрупулозни типови, со одврзани раце за се што наумиле.