„Елеазар“ е новиот проект на Маја Кикириткова Трајковски со кој се враќа на модната сцена во Македонија. По неколку годишна пауза, модната сцена го добива своето засилување со пролетна колекција во препознатливи пастелни бои надополнети со белата и црната како задолжителни бои во ормарот, зачинети со тантела за надополнување на женственоста.
-Се чувствувам реализирано, созреано и мислам дека е вистинско време да направам нешто во животот што ќе оставам зад себе како траен белег на она кое го правам. Сето ова го гледам во Елеазар, мојот нов проект, со кој и официјално се враќам на модната сцена – изјави Маја Кикириткова.
„Елеазар“ ќе претставува колекција „ready to wear“ или наменета за сите динамични жени,овозможувајќи одговор за секој нов предизвик во денот, од динамично работен ден кој може да заврши со коктел.
-Конечно после неколку години се враќам на модната сцена. Среќна сум што започнувам едно ново поглавје преку брендот ЕЛЕАЗАР. Колекцијата на ЕЛЕАЗАР која е инспирација од името на мојот син Лазар, ќе биде “ready to wеar“ колекција, со урбани моменти за урбани и модерни, динамични жени – додаде Маја Кикириткова.
Оваа уникатна колекција содржи уникатни парчиња облека кои наскоро ќе бидат достапни за секого преку онлајн продавница. Покрај онлајн продажбата, во меѓувреме Маја Кикириткова го подготвува и своето модно атеље, кое е планирано да се отвори во првата половина на месец Март. Атељето ќе биде место каде ќе можат да се погледнат уникатните парчиња од колекцијата „Елеазар“. Конечно по долгогодишна пауза умешноста со платното зачинета во стилот на Кикириткова ќе добие своја реализација.
Маја Кикириткова Трајковски е добро позната на македонската модна публика години наназад преку своите колекции, во кои може да се пронајде секоја самостојна девојка или жена, јака, силна, независна од никој, која не се плаши од никакви предизвици во животот. Моментално Маја Кикириткова своето знаење го пренесува на универзитет за мода во Приштина.
„Елеазар“ е надополнување на модното портфолио на Кикириткова, за кое веќе се подготвува и фотосесија.