недела, ноември 17, 2024
домаЖивотХотел во Љубљана ги доби првите „капсули за спиење“

Хотел во Љубљана ги доби првите „капсули за спиење“

Главниот град на Словенија доби уште една интересна туристичка атракција – првите 10 капсули за спиење поставени во хотел „Централ“ во Љубљана.

Ројтерс пренесе дека извршниот директор на хотелот, Матеј Ругелник, вели дека „ова е нова приказна за Словенија“, во која од 2004 година, кога стана членка на Европската унија, туризмот значително напредуваше.

Минатата година бројот на странски туристи кои преноќиле во Словенија порасна за 15,4 отсто, а според извештајот, најголем број доаѓаат од Германија, Италија, Австрија, Холандија и Хрватска.

„Капсулите“, како што се наведува, се развиени во Јапонија како начин за сместување на патници со помал буџет, но станаа популарно искуство во текот на годините, и затоа хотелите го сменија целиот концепт, па на денешните капсули не им  недостига луксуз.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ