понеделник, декември 23, 2024
домаПовторно играчки без упатство на македонски јазик

Повторно играчки без упатство на македонски јазик

И покрај цената која е повисока од 1000 денари купувате производ на кој нема упатство на македонски јазик. а затоа никој не одговара. Најстрашно е што производот се однесува на најранливата група, а тоа се децата!

Во прилог на денот на мајчиниот јазик, до нашата редакција стаса писмо во кое еден родител прашува дали фирмите кои продаваат увезени играчки треба да имаат превод на упатството за истите. Како пример ја даваат популарната кукла LoL, која е една од најпродаваните кукли во моментов, за која тврди дека играчката има инструкции на неколку јазици, но не и на македонски, а се продава во секоја продавница за играчки.

Следејќи ја информацијата купивме една играчка  – кукла од брендот Lol. Првото изненадување цената  – едно мало кукличе, големо колку палчето и уште неколку ситни играчки во прилог на куклата, чинат цело богатство за нашиот стандард. Но, нејсе, тоа не е тема на текстот, а и ќе купи кој може. Но, следејќи ја реакцијата на нашиот читател, прво забележавме дека на амбалажата на производот – демек оригинална кукла (а тоа најмногу се познава по цената) нема никаква декларација. Откако истата ја отворивме, наидовме на два листа кои претставуваат упатство за употреба на куклата. И верувајте, упатство и те како е потребно. Но, на двата листа се пишува на јазици кои не соодветствуваат на македонскиот, а нема ниту на нам „блиските јазици“. Може увозникот сметал дека ако имаш пари да ја купиш играчката, мора да знаеш англиски, француски, германски, јапонски, арапски и руски…Ама, македонски ЈОК! И веднаш се наметнува прашањето што сега? Ќе платиш еден куп пари, а не знаеш како да му објасниш на детето да игра со играчката, не знаеш кој дел за што служи, вештачкиот песок како да се користи, што има во шишенцето од кое излегува пена. И, дали и како децата смеат да го користат, а притоа да не им штети на нивното здравје. Нема никакво разбирливо упатство, не знаеш ниту еден јазик од горенаведените, а, си платил еден куп пари!

Во продавницата каде што ја купивме играчката креваат рамена и не знаат зошто нема превод, а и не знаат дали воопшто треба да има.

Според законската регулатива секој увезен производ мора да има декларација која соодветствува на оригиналната декларација, а упатството мора да биде преведено и на македонски јазик. Преводот на упатството и декларацијата треба да го направи увозникот на играчката.

Инспекциите најчесто велат дека немаат реакции од граѓаните и дека не регистрирале неправилности. Еве им информација, па нека реагираат!

Н.Д.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ