сабота, ноември 30, 2024
домаЖивот6 производи против хормонално заболување и појава на рак

6 производи против хормонално заболување и појава на рак

Нема храна што може целосно да излечи или спречи некоја болест, но одредена храна е од големо значење за намалување на ризикот од опасни гинеколошки заболувања и хормонски нарушувања.

Ерма Леви од Центарот за рак од Универзитетот во Тексас направи список на храна што го намалува ризикот од карцином кај жените.

Здравата и урамнотежена исхрана се заснова на овошје, зеленчук, житарки од цели зрна и лагуми, или храна која му обезбедува на организмот витамини, минерали и антиоксиданти. Исто така, овие намирници одржуваат рамнотежа на хормоните и го намалуваат ризикот од прекумерна телесна тежина.

– Прекумерната тежина ги зголемува хормоните во организмот и предизвикува хормонална нерамнотежа. Кога хормоните во телото остануваат „неискористени“ – тие можат да го стимулираат развојот на клетките на ракот, предизвикувајќи карцином на дојка или јајници.

6 производи што треба да се најдат на менито на секоја жена:

1. Леќа
Оваа мешунка е богата со растителни влакна кои го намалуваат ризикот од колоректален карцином. Влакната го стимулираат производството на одредени соединенија во цревата кои го спречуваат развојот на клетките на ракот.

2. Лук
Содржи манган, витамин Б 6, витамин Ц и селен. Истражувањата покажуваат дека лукот спречува развој на клетките на ракот, особено рак на желудникот, градите и цревата.

3. Зелен лиснат зеленчук
Темно зелен лиснат зеленчук како  спанаќ и брокула се богати со растителни влакна, витамини, минерали и фитохемикалии. Редовното консумирање на овие зеленчуци ги регулира хормоните, го промовира здравјето на цревата, го намалува ризикот од прекумерна телесна тежина, ризикот од дијабетес и кардиоваскуларни заболувања.

4. Домати
Содржи ликопен, моќен антиоксидант кој го намалува ризикот од нарушувања на дојките, белите дробови и желудникот. Ликопенот исто така се наоѓа кај лубеницата и розовиот грејпфрут, но најмногу се наоѓа во доматите.

5. Грозје
Најздравата компонента на грозјето е антиоксидантниот ресвератрол, кој има позитивен ефект врз здравјето на дојките, црниот дроб, желудникот и лимфниот систем. Повеќето ресвератрол се наоѓа во кожата од грозјето.

6. Кромид
Богат е со антиоксиданс наречен кверцетин кој го намалува ризикот од воспалителни процеси во организмот. Има позитивен ефект врз здравјето на цревата и црниот дроб.

Дополнителни совети од експертите за превенција на болести на жени говорат дека треба да јадете овошје и зеленчук со различни бои и варијации, житни житни култури,
користете протеини од зеленчук. Многу е важно да ја ограничете  потрошувачката на црвено месо и да се елиминира  преработеното месо. Ограничен внес на сол и ограничено користење на алкохол се важни за одржување на женското здравје, како и  неконсумирање на пијалоци со шеќер и енергетски пијалоци.

Подготвила: И.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ