домаСпортОстанати спортовиКоронавирусот по Катар ја одложи Големата награда на Тајланд

Коронавирусот по Катар ја одложи Големата награда на Тајланд

Трката за Големата награда на Тајланд во мотоциклизам, која беше закажана да се одржи од 20-22 март, е одложена поради коронавирусот.

„Причината е короновирусот и двата смртни случаи кај нас. Не можам да кажам дека трката ќе биде откажана, само ќе се одложи се додека не најдеме нов термин за евентуално одржување“, рече Анутин Чарнвиракул, првиот човек во организацијата на Големата награда на Тајланд.

Пред Тајланд беше одложена Големата награда на Катар, а како што стојат работите, премиерата на сезоната Мото ГП би требало да биде во Остин, Тексас на 5 април. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ