домаСпортСамо во Белорусија се уште се игра фудбал

Само во Белорусија се уште се игра фудбал

Само во оваа земја продолжува фудбалскиот шампионат

Сите погледи на спортските навивачи овој викенд беа насочени кон Белорусија. Оваа земја е единствена на стариот континент што не го прекина своето фудбалско првенство, а мерките против коронавирусот се скоро нула.

Претседателот Александар Лукашенко покажа чувство за хумор и недостаток на какво било вознемирување додека учествуваше на натпревар во хокеј пред полни трибини.

“Подобро е да умреш исправен, отколку на колена. Тука нема никакви вируси! Дали забележавте дека тие не летаат овде? И јас не ги гледам! Тука е ладно, а студеното време е најдобро за здравјето! Спорт и студ – најдобар антивирусен лек, вистински! “, рече тој.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ