понеделник, декември 23, 2024
домаКои се шансите на Пучдемон ако побара азил во Белгија?

Кои се шансите на Пучдемон ако побара азил во Белгија?

Каталонскиот премиер Карлес Пучдемон денеска на на прес-конференцијата во Брисел рече дека не планира да бара азил од Белгија - единствената земја во Европската унија, способна да ги разгледува молбите од други земји членки.

Ако сепак не добие гаранции кои ќе му гарантираа слободоа и не се врати во својата татковина, .прашање е дали сепак ќе се обиде да го направи овој чекор и да побара азил во Брисел? Пред медиумите, во “главниот град на Европа”, Брисел, Пучдемон рече дека ќе остане на неодредено време. На прашањето што ќе прави ако Шпанија побара екстрадиција од Белгија, тој не одговори на пресконференцијата, а истовремено ниту тој, ниту другите членови на неговиот поранешен кабинет не ја исклучија можноста да поднесат барање, пишуваBloomberg”.

Еве ги чекорите кои поранешниот премиер ќе треба да ги изоди, ако одлучи да аплицира за азил.
Генералниот комесар за бегалци и лицата без државјанство ги прегледува молбите од граѓани на Европската унија по забрзана постапка. Тоа значи дека Пучдемон нема да е на крајот од листата заедно со кандидати за азил, кои бараат спас од конфликти. Сајтот на комисијата покажува дека белгиските власти ќе бараат медицински преглед, проверка за туберкулоза на Х-зраци. Следува пополнување на прашалник (евентуално со помош на преведувач), и интервју во кое кандидатот ќе треба да докаже дека може да стане жртва на прогон.

При брање за азил доставено од европски граѓани администрацијата на комесарот обично не смета дека има потреба од таква заштита, што значи дека лицето кое аплицира ќе има тешката задача да докаже постоење на закана. Веројатно тоа е и причината да нема неодамнешен преседан за таков статус.
Комисијата има пет дена да донесе одлука. Доколку барањето е одбиено, барателот може да се поднесе жалба во рок од една недела. Ако сепак одлучат да му дадат азил, белгиските власти треба да ја известат ЕУ.

Иронијата на “протоколот Азнар”

Ограничувањето во европски план за давање статус на државјани на Унијата е поврзано со документ, бирократски наречен Протоколот 24 од Договорот од Амстердам, но попознат како “пртоколот Азнар”. Станува збор за поранешниот шпански премиер Хозе Марија Азнар, кој предложил документот во 1999 година да биде потпишан. Овој текст ги спречува земјите членки да даваат азил на државјани на други држави членки, иако меѓународната заштита е фундаментално право од Универзалната декларација за човекови права и Повелбата за основните права. Азнар, кој е поранешен претседател на конзервативците на сегашниот шпански премиер Маријано Рахој, нуди идејата на другите членки, за да се намали можноста членови на баскиско сепаратистичката ЕТА да добијат азил – во Белгија ова веќе се случило.

За да добие граѓанин на ЕУ азил во друга земја од Унијата, протоколот реди можни случаи на кои тој треба да одговара: “исклучителни мерки” кои би спречиле почитувањето на човековите права; движење на случајот до Европскиот совет; Советот да утврди повреда на основните права во земјата на потекло.

Исклучоци

Во 2008 година, сепак – по барање на Белгија – се појавува “дупка”. Нова клаузула во протоколот овозможува земјите членки да имаат поголема слобода и “еднострано” да даваат азил, а Европскиот совет да се сообрази со тоа. Белгија решава да прифаќа апликации од европски граѓани и да ги допушта по скратена постапка, но од нив се очекува да имаат цврсти докази – вклучувајќи за тоа дека нивната безбедност не е заштитена, ако останат во својата татковина или ако не добијат статус. Така во последните години претпоставката е дека нема да се дава азил на лица од други држави членки “освен, во теорија, во многу вонредни, многу посебни случаи”, вели Дирк ван дер Булке од белгиската комисија, цитиран од “Вангуардия”.

Ако сепак случајот на Пучдемон – или друг каталонски претставник – испадне “ексклузивен”, Шпанија може да го упати случајот до европски суд, каде што ќе треба да докаже дека таа е држава која гарантира почитувањето на основните човекови права.

Откажување од екстрадиција

Експертот по уставно право Маргалида Капело вели дека е прифатлива и варијантата Белгија да не го прифати барањето за екстрадиција на Пучдемон, ако тој е обвинет за “политички злосторства”, какви што се бунтот и поттикнувањето на бунт или дури (ако се воспостави врска со предметите на другите две обвиненија) трошењето на државни средства.

Капела го посочува како пример случајот на Елве Фалчиани, швајцарскиот програмер кој се бара за “откривање на банкарски тајни”: барањето за екстрадиција, испратено од Берн, е отфрлен од Шпанија, бидејќи судиите толкуваат злосторство во кое тој се обвинува како политичко.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ