понеделник, јануари 20, 2025
домаЖивотСценаАдел минува низ пекол по разводот!

Адел минува низ пекол по разводот!

Сопругот и зема многу пари, но тука на маките не им е крајот...Таа се соочува со депресија и страв од иднината

Пејачката Адел е во голема неволја бидејќи не потпишала предбрачен договор со својот поранешен сопруг, претприемачот, Симон Конецки.

Според странските медиуми, таа ќе мора да плати половина од своето богатство на поранешниот сопруг. Најновите информации, пејачката и претприемачот ќе имаат заедничко старателство над седумгодишниот син Ангел. Но, она што најмногу ја погодува пејачката е фактот дека таа ќе мора да се збогува со 70 милиони фунти што ќе одат во корист на Симон, како и огромната палата во Беверли Хилс.

– И двајцата одлучија дека приватните детали ќе ги чуваат подалеку од јавноста, се со цел да го заштитат својот син и се обидуваат на секој начин да ги решат проблемите што ги имаат. И самата призна дека минатата година е исклучително тешка и дека работењето на нови песни е терапија за неа. Од ова е очигледно дека таа е подготвена да сподели некои делови со фановите – изјави извор близок на пејачката.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ