Најголемиот германски аеродром во Франкфурт откажа 170 летови поради снежните врнежи, иако метеоролозите предвидуваат подобрување на временските услови во текот на денот.
Откажани се летовите за Берлин, Хамбург, Минхен, Виена, Даблин и Варшава, соопшти аеродромот, објави АП.
Агенцијата наведува дека прекин на електричната енергија на аеродромот во Атланта, исто така, влијаел на конекциите меѓу „Луфтханза“ (Франкфурт) и “Делта ерлајнс” (САД).