АХВ апелира за повлекување на коцка супа од „Подравка“ од пазарот…

0
100

Ако ја имате купно вратете ја или безбедно фрлете ја

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека започнува итна постапка за повлекување на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска од македонскиот пазар. Причината за оваа мерка е можно присуство на туѓо тело во производите.

Според АХВ, станува збор за говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок на употреба до 5 јули 2025 година, и пилешка коцка за супа, серија 0307241, со рок на употреба до 3 јули 2025 година.

Алерт нотификацијата за потенцијално небезбедни производи била примена вчера во доцните попладневни часови преку Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASFF – Window) со референтен број 2024.5845. Земја известувач е Република Хрватска, каде што посочените производи веќе се отповикани од промет.

„Ги повикуваме потрошувачите кои ги купиле посочените производи со овие сериски броеви, истите да не ги употребуваат, или да ги вратат на местото од каде што ги купиле, или пак нештетно да ги уништат,“ истакнуваат од АХВ.

А.Н.