Регистрирана е смрт кај девет деца врз кои паднал ормар производство на компанијата за мебел ИКЕА. Првиот случај се случи пред 28 години, а најновиот во мај оваа година. ИКЕА го повлекува производот Малм од јуни 2016 година и се проценува дека дури 29 милиони од овој ормар го има во домаќинствата во САД и Велика Британија, а не е познат бројот во другите делови од светот.
Ларс Петерсон изјави за Daily Mail дека ИКЕА сака да го зголеми вниманието на луѓето во оваа кампања, бидејќи ормарите може да бидат смртоносни за мали деца, ако тие не се вдлабнат во ѕидот. Но, родителите на малиот Џозеф Дудек (2) од Калифорнија не знаеле дека ормарот е дефектен. За жал, тој паднал врз момчето додека спиел и го убил. Осум деца пред него ја имаа истата судбина, а ИКЕА им исплати 50 милиони долари на име отштета на семејствата на децата, бидејќи тие не ја рекламирале доволно добро кампањата за поставување на ормарите.
ИКЕА во својата кампања нуди враќање на парите или безбедно поставување на ормарот. Клиентите веќе вратија милион ормари или побараа алат за негова сигурна инсталација на ѕидот. И покрај тоа што купувачот може сам да го постави, ИКЕА нуди дури и тим кој ќе оди на терен за да им помогне на своите клиенти. Патерсон рече дека покрај ормарот, клиентите добиваат и насоки за негово прицврстување до ѕидот со што ормарот треба да биде безбеден за употреба.