четврток, декември 26, 2024
домаЖивотАко немате каде, „побегнете“ во “La vie an rose” на Сара Реџиќ

Ако немате каде, „побегнете“ во “La vie an rose” на Сара Реџиќ

Пред неколку години ја сретнав Бети облечена во многу убав фустан…Изгледаше како од модните писти…Ја прашав од каде ти е фустанот и има ли број за мене. Бети ми одговори дека го купила од еден бутик во Дебар Маало, кај некоја млада девојка која шие по мерка…Се сеќавам ми рече – Нема што нема, а се е во твој стил! Наредниот ден отидов и како што ми рече Бети си купив неколку фустани, маици, мантил…

Девојката која што ме пречека ми се претстави како Сара и ми кажа дека сите модели се нејзини! Се случи „љубов на прв поглед“! Уште неколку пати купував во Сари Ги и секогаш задоволна со полни кеси се враќав дома…А, младата и надежна Сара само напредуваше со нејзините модели и модни идеи…Оттогаш до денес, Сара „израсна“ во главна трендсетерка на скопската модна сцена…А, тоа го покажа и на овогодишниот 17-от Моден викенд Скопје, сезона пролет -лето 2018 што се одржа во Националната и универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски”.

Последната вечер  започна токму со ревијата на модната креаторка Сара Реџиќ, нејзиниот бренд и модно студио “Sari Gi” и колекцијата “La vie an rose”. Сара Реџиќ беше вистинско освежување, со модели кои се одлика на елегантност и женственост, модели кои се растреперени и нежни како жената, со бои кои го отсликуваат вашето расположени и се за секој дел од денот, за секоја прилика, во кое ќе се чувствувате совршено, сигурно во себе и прекрасно.

Едно е сигурно – “Животот во розово” ја продоложува низата на совршени дела на младата Сара.

За својата колекција , Сара вели : „Жените се херои на секојдневието. Во природата на секоја жена постои едно „розово“ катче. За да успее да го преброди денот, обврските, животот, жената има потреба одвреме-навреме да побегне во својот „живот во розово“, да блесне, да зачекори како кралица. Токму таму е нејзиниот „La vie en rose“ свет од кој црпи сила на животот и светот да гледа со розови очила.“

Покрај неа на сцената продефилираа  и брендот „YILKA BRADA“ од Косово со колекцијата „Modish“, Јагода Пачемска од арт-студиото „Фа-Бу“, деби колекцијата „Будење“ на „Ателје Магдалена“ и Олгица Ѓоргиева со „Destination“, инспирирана од книгата „Мемоарите на една гејша” од Артур Голден.

Погледнете дел  од ревијата на Сара Реџиќ:

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ