четврток, декември 19, 2024
домаЖивотЗдравјеАктивирање на здравствените капацитети, зајакнување на мерките за заштита против КОВИД-19

Активирање на здравствените капацитети, зајакнување на мерките за заштита против КОВИД-19

Можно зајакнување на мерките за заштита и превенција од ширење на Ковид-19, ќе поднесе Комисијата за превенција од заразни болести во текот на утрешниот ден до Владата, најави Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

-Утре ќе имаме дополнителна дискусија на Комисијата за заразни болести и можно е до Владата да  предложиме зајакнување на мерките за превенција од ширење на Ковид 19, бидејќи бројот на заболени во наредниве денови ќе расте, се уште стојат прогнозите пикот на болеста да биде на крајот на април со очекувани 2000 пациенти, но многу фактори влијаат врз овие предвидувања. Апелирам до граѓаните физичките контакти да ги сведат на минимум и да ги почитуваат мерките за заштита оти има многу асимптоматски носители, па затоа е најдобро да се седи дома, порача Филипче.

Затоа се активираат и другите капацитети, па болницата „8 Септември“ која досега се користеше за заболени од корона вирус, но имаа потреба од други здравствени услуги, од денеска функционира како болница за прифаќање заразени од коронавирусот, а таму на располагање се 110 кревети, посочи Филипче.

Тој додаде дека мобилната болница која е целосно опремена, може да се стави во функција, а фали само сувата врска со Инфективната клиника. И болницата во Битола станува регионален центар за прифаќање заболени од КОВИД-19, најави Филипче.

Филипче соопшти дека на посебната наменска сметка за донации веќе се собрани 500.000 евра, пари кои ќе се искористат купување на маски, респиратори, медицинска опрема. Тој рече дека ќе се повтори постапката за набавка на респиратори, при што предност има факторот време на доставување.

Како секаде во Светот, така и кај нас има заболени здравствени работници, рече министерот за здравство Филипче и апелираше до колегите да се штитат и да внимаваат.

„Заболени здравствени работници има и кај нас, и во Светот. Тие се луѓе кои се во непосреден контакт со заболените. Кај нас се вкупно 52 лица, од кои 34 се заболени во болнички или амбулантски услови. Во проценти тоа е 9,5 кај нас – посочи Филипче.

Тој испрати и порака до своите колеги здравствените работници, да се штитат и на работа и надвор од работните места, зашто улогата на здравствените работници, нивното здравје е од примарно значење во државата. Бидејќи многу животи зависат од нив, само ако оние што се здарви останат незаразени, ќе превенираме епидемија од поголеми размери, посочи министерот за здравство Филипче додавајќи дека во Куманово на Инфективното одделение веќе пристигнале двајца лекари, еден од Скопје и еден од Штип кои ја координираат работата.

Инаку, во изминатите 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата, соопшти министерството за здравство. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63-годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

Освен починатиот пациент од Инфективна клиника од Лабуништа, починал уште еден пациент од Куманово, но во болницата „8 Септември“, кој бил позитивен на коронавирусот на први април, соопшти Филипче.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 235, Куманово -114, Дебар – 49, Штип-19, Прилеп –33, Тетово – 29, Струга – 24, Велес – 10, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци –2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 2, Радовиш -3, Крушево – 2, Кочани – 14 случаи. А.Р.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ