четврток, април 25, 2024
домаКујнаАлјаска ја погоди силен земјотрес, издадено предупредување за цунами

Алјаска ја погоди силен земјотрес, издадено предупредување за цунами

Алјаска утринава ја погоди земјотрес со јачина од 8 степени по Рихтер, а официјални лица предупредија на опасност од цунами.
Земјотресот е регистриран на јужниот брег на Алјаска, на 300 километри од Кодијак, на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.
Пацифичкиот Центар за предупредување за цунами предупреди дека може да има “опасни цунами бранови”.
Американската национална метеоролошка служба соопшти дека предупредувањето за цунами се применува не само за Алјаска, туку и за Калифорнија и брегот на Британска Колумбија.
Во предупредувањето, на населението му било кажано да најде засолниште или да прибегне кон повеќе локации во назначени области, јави „Би-Би-Си“.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ