сабота, јули 27, 2024
домаНасловнаАмбасадата на САД на Косово предупреди за можни терористички напади

Амбасадата на САД на Косово предупреди за можни терористички напади

Американската амбасада во Приштина издаде предупредување до граѓаните на САД за зголемената закана од терористички напади во Косово, особено за време на велигденските празници.

Во соопштението на амбасадата, американските граѓани се повикуваат на претпазливост во трговските центри, туристички локации, ресторани и верски објекти, како и да избегнуваат поголеми групи на луѓе.

Американците се упатени да ги следат локалните медиуми, како и упатст а од амбасади или конзулати.

Американскиот Стејт департмент преку своите амбасади во светот ги повикува своите граѓани да внимаваат на сите големи празници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ