Амброзијата веќе почна да ни го загорчува животот, а така ќе биде до ноември

Како да ја препознаете амброзијата?

0
74

Оваа едногодишна плевелна билка може да порасне и до три метри. Коренот ѝ е вретенест, а стеблото исправено, разгрането и покриено со груби влакна. Листовите се јајцевидни, долги од пет до десет сантиметри, распоредени наспроти, поделени во тесни режњеви и, исто како и стеблото, покриени со густи влакна. Цветовите се жолтеникави и собрани во гроздовидни цвасти.

Најчести симптоми на алергија од амброзија

Кијање во серии, затнат нос, чешање на носот, обилно течење на носот, главоболка, црвенило и солзење на очите со интензивен чешање, хроничен умор, изнемоштеност, кашлица, чувство на недостаток на воздух, болка зад градната коска, тешкотии при дишењето – сето ова се начини на кои се манифестира алергијата од амброзија.

Сите имиња за амброзијата

Амброзијата е позната и како лимунџик, опаш, плевелна трева, американка, фазануша, племенита амброзија. Како и да ја нарекувате, бидете внимателни, особено ако не се чувствувате најдобро овие денови, ве мачи чешање, ви тече носот и често кивате.

Доволен е и најблагиот ветар за да го разнесе нејзиниот полен

Поленот на амброзијата е ситен и лесен, а една билка за 24 часа може да произведе до 2,5 милијарди зрна. Доволен е и најблагиот ветар за да го разнесе нејзиниот полен, а алергиски реакции може да предизвика и минимална количина од само осум зрна по кубен метар воздух. Како што се зголемува популацијата на амброзијата, така се зголемува и количината на нејзините алергени.

Амброзијата цвета сè подоцна

Климатските промени влијаат амброзијата, наместо до крајот на август, да цвета сè до крајот на ноември, што за сите алергични на овој плевел значи продолжување на агонијата.

С.Н.