Валентина Ѓоргиевска Парго, акредитиран новинар на Евровизија 2021
Американски натпревар за песна, ист како “Евровизија”, ќе се реализира во иднина на Ен-Би-Си. Врз основа на најголемиот музички настан во светот, Евровизијата, и Американскиот натпревар за песна ќе има оригинални музички настапи во живо, претставувајќи ги сите 50 држави, пет територии и главниот град. Според најдобрата евровизиска традиција, и тие ќе се натпреваруваат за да ја освојат публиката на земјата и да изберат најдобра оригинална песна. Натпреварот во живо се состои од три круга, бидејќи пејачите ќе се натпреваруваат во серија квалификациски рунди, проследено со полуфинале и крајно големо финале каде една држава или територија ќе излезат како победници. Покрај гласовите на обожавателите, жирито од професионалци во музичката индустрија, исто така, ќе бидат вклучени и музички експерти. Андерс Леноф и Питер Сетман, заедно со Кристер Бјоркман и Ола Мелциг, продуценти кои работеле на над 20 натпревари на Евровизија, ги стекнаа правата на американскиот формат како “Песна на Евровизија” од ЕБУ и соработуваа со Пропагајт за да ја донесат Евровизија и во оваа држава. Мартин Остердал, извршен супервизор на Евровизија за ЕБУ, изјави: „За овие 65 години, Евровизија ги поврзуваше луѓето надалеку и нашироко. Како сопственици на овој исклучително успешен формат, видовме дека најде место во милиони срца низ цела Европа и пошироко. Сега сме возбудени што најдовме совршени партнери за споделување на овој уникатен натпревар и неговата страсна прослава на музиката и оригинални песни со американскиот народ“.
Џени Грум од NBC Universal Television and Streaming, вели:
„Возбудени сме што ќе ја прикажуваме универзалната моќ на музиката во спектакуларен повеќенеделен музички настан во живо“. Американски натпревар за песна е копродукција помеѓу Propagate и Universal Television Alternative Studio, а вклучени се и продуценти од „The Voice”.