сабота, ноември 16, 2024
домаАмерика поднесе обвинение против Асанж

Америка поднесе обвинение против Асанж

Во САД е поднесено обвинение против Џулијан Асанж, кој објави стотици тајни документи на американската дипломатија, тврди Викиликс чиј основач е тој.

Викиликс наведе дека обвинителите сосема случајно откриле дека против Асанж е покренато обвинение, во рамки на расправата во друг случај, пренесоа хрватската агенција Хина и порталот „Индекс.хр“. Исто така се наведува дека точната природа на обвинението, како и колку точки има, засега не е познато.

Викиликс на својот профил на Твитер напиша: „Министерството за правда на САД открива “случајно“ постоење на тајни точки во обвинението или планови за такви точки од обвинението против директорот на Викиликс, Џулијан Асанж, во она што се чини дека е грешка во копирање и спојување во друг случај, кој се истражува во источниот округ на Вирџинија“.

Исто така се укажува, во друг твит дека случајот „САД против Викиликс“ почна во 2010 година, но подоцна се прошири поради случајот Сноуден, кој се смета за најголемиот случај на истекување доверливи податоци во историјата на ЦИА. Обвинителот, како што наведуваат во Викиликс, не е од тимот на Милер (кој го истражува мешањето на Русија во претседателските избори), а Викиликс никогаш не е за тоа контактиран.

За потсетување, Асанж се наоѓа во Амбасадата на Египет во Лондон од 2012 година во која се сокри од страв да не биде екстрадиран во САД токму поради тајните документи на американската дипломатија кои ги објави преку Викиликс.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ