петок, декември 20, 2024
домаКујнаАмериканците ослободени од Северна Кореја пристигнаа во САД

Американците ослободени од Северна Кореја пристигнаа во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги поздрави тројцата американски затвореници од Северна Кореја на аеродромот во Вашингтон откако беа ослободени од Ким Јонг Ун пред историскиот состанок со Трамп.
Трамп и неговата сопруга Меланија ги поздравија Американците кои слетаа утрово во 3:00 часот по локално време.
Притворените Американци ги донесе министерот за надворешни работи Мајк Помпео, кој два пати престојуваше во Пјонгјанг во рок од неколку недели.
Помпео беше во Понгјанг за да ги организира деталите од состанокот Трамп-Ким што ќе се одржи во наредните недели, како и за ослободувањето на Американците.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ