Со недели се шпекулираше дека Џенифер и Бред повторно влегле во врска, а Анџелина сега решила да оди чекор подалеку и да ја тужи Џенифер.
Бидејќи наскоро се очекува да се одржи парница за старателството на Анџелина и на Бред на нивните шест деца, актерката сака да го искористи аргументот против актерот посочувајќи дека Бред ја запознала Џенифер со своите три деца, пренесуваат странските медиуми.
Причината за ова е нејзиното незадоволство од помирувањето на поранешните сопружници, што таа не може да го надмине.
– Анџа им кажува на луѓето дека Бред и Џен ќе платат за тоа и дека насилно ќе ја донесат актерка на суд на кој адвокатите ќе ја „разрешетаат“ со прашања – откри изворот и додаде:
– Тоа вкрстено испрашување ќе вклучува прашања во врска со односот на Бред со неговите деца, работите што тој ги кажа за Анџелина, за другите жени со кои се гледал и неговата врска со Џенифер. Тие нема да можат да се извлечат – заклучува изворот.
Да потсетиме, Анџелина и Бред се запознаа во 2005 година на сетот на „г. и г-ѓа. Смит. Тие ја крунисаа љубовта со брак, а решија да се разведат пред три години.
А.Н.