Кралот Чарлс III, кој официјално беше крунисан заедно со неговата сопруга кралицата Камила во 2023 година, добил повици да ја отстапи круната на својот најстар син, принцот Вилијам, поради неговата тековна борба со ракот.
Принцот од Велс наводно одржува состаноци со кралот во палатата среде шпекулации дека 75-годишникот наскоро би можел да објави дека ќе го предаде престолот на идниот крал.
Вилијам наводно се подготвува да ја преземе круната многу порано од очекуваното поради влошеното здравје на неговиот татко.
Кралски извор тврди: „Двојката татко-син редовно се среќаваат за да ги дискутираат прашањата поврзани со монархијата во услови на кралска здравствена криза.“
Од друга страна, друг извор изјавил за „In Touch Weekly“: „Никој не очекува неговото [на кралот Чарлс] владеење да трае уште долго, особено затоа што неговото здравје може драматично да се влоши во секој момент.“
„Абдикацијата сега би била најдобрата одлука за монархијата“, тврди инсајдерот.
Друг медиум исто така објавил дека Вилијам бил замолен да се подготви за преземање на круната. Тој е обучуван да ја преземе улогата многу порано од очекуваното додека кралот Чарлс продолжува со борбата против ракот.
Подготви: А. Н.