петок, ноември 15, 2024
домаНасловнаАП: Најмалку 200 новинари мета на руските хакери

АП: Најмалку 200 новинари мета на руските хакери

Хакерската група „Фенси Бер“ се обиде да влезе во мејловите на најмалку 200 новинари, издавачи и блогери, покажува истражувањето на американската агенција АП. Агенцијата тврди дека истражувањето покажало дека руските хакери ги следеле новинарите „со ист жар“ како што тоа го правеле и со американските политичари и разузнавачки служби.

Според агенцијата, анализата на податоците обезбедена од фирмата за сајбер безбедност „Secureworks“ покажува дека „Фенси Бер“ се обидел да пробие во пораките примени на мејл сметки на најмалку 200 новинари, издавачи и блогери од средината на 2014 година до пред неколку месеци.

АП тврди дека податоците обезбедуваат мапа на медиуми што редовно го провоцираат „гневот на Кремљ, што ги потврдува новите докази за заклучокот на американската разузнавачка заедница дека „Фенси Бер“ дејствувал во име на руската влада кога се мешал во претседателските избори во САД“.

Руската влада го негираше вмешувањето во изборите во САД.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ