сабота, ноември 23, 2024
домаАргентина го легализира абортусот

Аргентина го легализира абортусот

Сенатот во Аргентина денес го изгласа законот за легализација на абортусот до 14. недела од бременоста и на тој начин донесе историска победа во зголемениот растечки подем на женските права во Аргентина, и е поддржан од претседателот Алберто Фернандез. Неговиот глас доаѓа две години откако дел од сенаторите остро се спротивставија на идејата.

За законот гласаа, 38 сенатори, додека 29 беа против.

Гласањето следеше по маратонската расправа која започна вчера.

Сенатот на овој начиn, го сруши традиционално силното влијание на католичката црква во Аргентина, која се обидуваше на секој начин да се спротивстави на овој потег.
Голем толпа учесници во кампањата, и за и против абортус, се собраа пред Конгресот да се обидат да влијаат на сенаторите.

Досега, абортусите беа дозволени во Аргентина само во случаи на силување или кога здравјето на мајката беше изложено на ризик.

Активистите со години водеа кампања за промена на законот.           Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ