понеделник, ноември 18, 2024
домаСпортФудбалАрсен Венгер го напушта „Арсенал“ по 22 години

Арсен Венгер го напушта „Арсенал“ по 22 години

После 22 години, а сезона пред истекот на важечкиот договор, Арсен Венгер си заминува од „Арсенал“, англискиот фудбалски клуб во кој трипати ја освоил Премиер лигата.
Неговиот договор со „топџиите“ истекува во летото 2019 година, но овој петок беше објавено дека разделбата ќе се случи на крајот од оваа сезона.

„Благодарен сум што имав чест да му служам на овој клуб толку многу неверојатни години. Го водев тимот целосно посветен, а сега можам само да кажам за сите кои го сакаат Арсенал – чувајте ги вредностите на овој клуб“, порача 68-годишниот француски експерт.

„Арсенал“ моментално е на шестото место во Премиер лигата, и според се, втор пат ќе остане без пласман меѓу четирите најдобри екипи, што значи дека во Лигата на шампионите ќе може само ако ја освои Лигата на  Европа.

Во текот на 22 години работа во „топџиите“, Арсен Венгер освои три титули, седум пати го подигна пехарот на ФА купот, а „двојно круна“ достигна во 1998 и 2002 година. „Арсенал“ го презеде на 1. октомври 1996 година и го водеше тимот на рекордни 823 меча.

Сепак, актуелната ситуација е многу поважна од историската: неделниот пораз од „Њукасл“ (2:1) беше дури 11-ти во сезонава во Премиер лигата, со што е изедначен најлошиот учинок на Венгер во шампионатот, а сезоната не е завршена. Освен тоа, водечкиот „Манчестер сити“, кој освои 87 поени, има дури 33 повеќе од „топџиите“, па разделба е неминовна.

Венгер ќе ја води екипата до крајот на оваа сезона, а следниот предизвик го чека на четврток, кога на програмата е првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа против мадридски „Атлетико“, моментално второпласирано во шпанската Примера.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ