Аспарагус, компири, морски и јаткасти плодови, како и црвено месо содржат соединение што го помага ширењето на ракот на дојка, покажуваат најнови истражувања. Аспарагин, аминокиселина која постои и во млечните производи и живината, на некој начин им помага на канцерогените клетки од градите се префрлат во крвотокот и да се колонизираат во други делови од телото, велат истражувачите од Кембриџ.
Иако се уште не е јасно како, утврдено е дека исхраната со ниски нивоа на аспарагин значително го намалува ширењето на туморите. Научниците како една опција наведуваат строга диета за болните која ќе се состои од конзумирање одредено овошје и зеленчук, или земање на лекови кои го намалуваат нивото на аспарагин, покрај традиционалните методи на лечење за да се спречат метастази.
Еден од авторите на истражувањето, професорот Грег Ханонод Центарот за истражување на кацер при Институтот во Кембриџ, изјави дека, кога ќе се намали способноста на аспарагинот, клетките на туморот ја губат нивната способност за метастазирање на другите делови на телото.
Ова истражување придонесува за подобро разбирање за тоа како можеме да го спречиме метастазирањето на ракот, што е главната причина за умирање од рак. Научниците велат дека е пожелно да се избегнува храна која содржи аспарагин или да се земаат лекови кои го разградуваат, но апел до сите пациенти и здрави луѓе е да јадат здрава и разновидна храна богата со овошје, зеленчук и мешунки и да го ограничат внесот на месни преработки, заситени масти и шеќер.
Со оглед на тоа дека аспарагинот се наоѓа во многу намирници, диета која би значела негово исклучување не е најдобрата опција. Аспарагинот се наоѓа во месото, живината, морските плодови, млечните производи, компирите, јаткастите плодови, семки и мешунки.