петок, декември 27, 2024
домаКујнаАвион ја промаши пистата и слета во океан, сите патници преживеаја

Авион ја промаши пистата и слета во океан, сите патници преживеаја

Авион на авиокомпанијата „Ер Ниугини“, кој летал од Микронезија до островот Вано во Папуа Нова Гвинеја, се урна во Тихиот Океан откако пилотот ја промаши пистата на која требаше да слета. Локалните власти потврдија дека авионот се урна во вода во петокот околу 9:30 по локално време, а во него имало 47 лица. Имало 35 патници и 12 членови на екипажот, но сите за чудо преживеале откако локалните жители ги спасиле преживеаните со чамци.

Сите од трупот на авионот успеале да излезат и чекале помош стоејќи на крилата. Менаџерот на аеродромот Чук, Џими Емилио, изјави за локалните медиуми дека пилотот ја промашил пистата за околу 160 метри и завршил во океанот, објави дневниот весник “Дејли мејл”.

Патниците и членовите на екипажот веднаш биле пренесени во болницата, но не е пријавена ниту една сериозна повреда.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ