Австралискиот јавен радиодифузен сервис СБС потврди дека, за жал, Монтењ и останатата нивна делегација нема да можат да патуваат во Холандија на Евровизија 2021 и затоа ќе се натпреварува од дома, користејќи ја можноста за „лента во живо“, изведба која од таму ќе оди во живо, а ќе се вклучи во самиот пренос на Евровизијата.
Фестивалот ќе се одржи по 65 пат. Двете полуфинални вечери се на 18 и 20 мај и финалето е на 22 мај во Ротердам. Претставник на нашата земја е Васил Гарванлиев со песната “Here I stand”.