сабота, јули 27, 2024
домаАвстрија ги укинува строгите мерки за лицата кои не се целосно вакцинирани

Австрија ги укинува строгите мерки за лицата кои не се целосно вакцинирани

Спроведувањето на строгите мерки на затварање за лицата кои не се целосно вакцинирани против коронавирус вирусот ќе престане во понеделник на 31 јануари, изјави австрискиот министер за здравство Волфганг Микштајн.

Тој рече дека мерките ќе бидат укинати поради намалениот притисок врз болниците.

„Заклучивме дека строгото затворање на невакцинирани лица во Австрија е оправдано само во случај на закана од итно преоптоварување на капацитетот на одделението за интензивна нега“, истакна Микштајн на прес-конференција во Виена.

Микштајн додаде дека експертите веруваат дека веќе не се потребни строги мерки за затворање. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ