сабота, јануари 11, 2025
домаЖивотСценаБасистот на Рибjа Чорба Миша Алексиќ почина на 68-годишна возраст

Басистот на Рибjа Чорба Миша Алексиќ почина на 68-годишна возраст

Музичарот се лекуваше во КБЦ „Бежанијска коса“, а со денови беше поврзан со апарати за дишење поради лошата состојба.

Неговата ќерка Мина Алексиќ пред неколку дена објави тажна порака на Фејсбук за состојбата на нејзиниот татко. Веруваше дека ќе се опорави.

– Мојот Миша се здоби со ковид и е на апарати за дишење 3 дена. Секој час е негова борба за живот, како мојот и  на мојата мајка. Миша би сакал сите наши драги луѓе да знаат дека се бори како лав. Тој би сакал сите луѓе што го сакаат и го почитуваат како мајстор на рок овие денови да бидат со нас и да веруваат дека ќе го победиме во ***н Ковид.
– Сите мислевме дека е шега и до пред две недели седев со моето семејство на ручек и се смеевме дека не сакаме да носиме маски и разговаравме каде да одиме на забава или ручек. Сега сум оставена сама, со двајцата родители во болницата. Исплашена,  но и храбро верувам во среќа и добра енергија. Ве молиме, испратете ја најсилната енергија до универзумот заради Миша и оставете го да биде на сцената со гитара што побрзо! – напиша Мина Алексиќ покрај заедничката фотографија со нејзиниот татко.

И Бајага кој е долги години пријател со Алексиќ пред неколку дена напиша на неговиор фејсбук профил:
– Држи се, куме, стар мајсторе. Досега успешно поминавме многу работи, затоа сум сигурен и верувам дека ќе го победиш и ова зло. Веднаш штом се опоравиш, те чекаме на пробата на Таша. Знаеш дека има некои работи што не вреди да се играат без тебе. Бајага и тимот те сакаат – се наведува во пораката на Бајага и Инструктор на Фејсбук.

Но, како што пренесуваат српските медиуми не издржал организмот на славниот басист Миша Алексиќ.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ