среда, јануари 8, 2025
домаБензините поевтинуваат од полноќ

Бензините поевтинуваат од полноќ

Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика од ножеска на полноќ цените на бензините се намалуваат за 0,50 денар/литар, а дизелот останува со иста цена.

Така, од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 67 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 за 69 денари/литар. Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува на 58 денари/литар.

За половина денар се намалува и цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и ќе се продава по 57,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 ден/кг и сега ќе изнесува 34,266 ден/кг.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ