среда, декември 18, 2024
домаТехнологијаБесплатен „InTech meets Massive Interactive“ во МКЦ

Бесплатен „InTech meets Massive Interactive“ во МКЦ

На 5 декември во 18 часот, во Клуб ресторан МКЦ во Скопје, ќе се оддржи нешто сосема новo кога се „InTech MeetUp“ настаните во прашање. Овојпат, посетителите на „InTech X“ ќе имаат можност да се запознаат и научат нешто ново од некои од клучните фигури во „Massive Interactive“.

На овој бесплатен настан, присутните ќе имаат прилика да чујат зa „Multi-platform UI, from Hybrid to Native” од Филип Елсас, Директор на UI Architecture во Massive Interactive, кој со присутните ќе ги сподели своите исксуства од предизвиците и пречките со кои Massive се соочувал преминувајќи од хибриден кон целосно нативен UI development наменет за голем број на уреди и за „The Bleeding Edge of .NET Development” каде Ендру Казиревич, „Principal Architect – Massive Interactive“, ќе се обиде да ги разбие митовите дека .NET заостанува зад другите модерни програмски јазици.

-Подгответе се за незаборавно искуство додека Ендру ве води низ светот на „Docker Containers„, „Linux deployments„ и „AWS internals“ во целост подржани од „.NET Core“. Додека, Алекс Крупнов, VP of Engineering ќе каже збор-два за најважните достигнувања и предизвици на „Massive Interactive“ – препорачува организаторот.

Инаку, зад организацијата на овој настан стои „InPlayer“, а овој „InTech“ е поддржан од „Massive Interactive“.  Како поддржувачи на настанот се јавуваат IT.mk, Piksel, Inovativnost.mk, Brainster, Семос едукација, Startup Macedonia, Радио МОФ, Метрополис радио и Smartportal.mk.

Пријавување може да се направи тука.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ