Се смета за еден од најдобрите зачини за срце, бидејќи го намалува нивото на холестерол – босилек.
Босилекот е зачин кој има фантастичен ефект врз здравјето и организмот. Ублажува настинки, придонесува за здравјето на срцето, бубрезите, очите и забите и помага во лекувањето на рак.
Ги ублажува симптомите на настинка
Бидејќи босилекот има антибактериски својства, листовите од босилек се ефикасни во лекувањето на воспаление и температура. Сварете листови босилек во чај и пијте полека.
Лечи воспалено грло
Ако имате воспаление на грлото, добра е гаргара со млака вода во која е потопен босилек. Тоа ќе дејствува противвоспалително и ќе ги ублажи симптомите на воспаление.
Придонесува за здравјето на срцето
Со внесување босилек во телото, нивото на холестерол се намалува и се смета за еден од најдобрите зачини за срце. Го намалува ризикот од срцев удар и кардиоваскуларни болести.
Ја подобрува функцијата на бубрезите
Босилекот ги зајакнува бубрезите и е одличен во борбата против каменот во бубрег.
Лечи инфекции во устата
Инфекциите и чиревите кои можат да се појават во устата е добро од прва рака да се третираат со џвакање листови босилек.
Ублажува отоци
Намачкајте една лажица паста од босилек на отокот од убод на инсекти.
Го одржува здравјето на забите
За оние кои страдаат од проблем на крварење на непцата, лош здив и расипување на забите, босилекот се покажа како добар сојузник. Антибактериските и антибиотските својства на босилекот можат да помогнат во спречување на таквите орални заболувања.
Ја штити ДНК
Листовите босилек содржат мноштво фитонутриенти, и антиоксиданси кои ги штитат ДНК клетките од оштетување после изложување на ултравиолетови зраци.
Помага во лекување на ракот
Босилекот ги стега вените кои транспортираат хранливи материи до туморите кои предизвикуваат рак, а сам по себе помага во лекувањето на многу видови на рак, вклучувајќи рак на дојка.