Триесет и две годишен македонски државјанин бил убиен во германскиот град Есен во саботата вечерта, во брутална тепачка по расправија со двајца Еритрејци, пренесе германскиот весник „Билт“. Според германската полиција сведок му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил во несвест, но без успех.
„Тој беше однесен во болница, но таму почина кратко време подоцна од сериозните повреди“, рече портпаролот на полицијата.
Обдукцијата на жртвата покажала дека причината за смртта е траума од тап предмет. Јавното обвинителство во Есен го истражува случајот, а се уште е нејасно што се била причината на расправијата.