понеделник, јуни 17, 2024
домаНасловнаБитиќи: Очекуваме економијата до 2025 година да расте со стапка од 5,9...

Битиќи: Очекуваме економијата до 2025 година да расте со стапка од 5,9 отсто 

Предлог –буџетот за 2021 година е проектиран на 247,5 милијарди денари или околу 4 милијарди евра, соопшти денеска на прес—конференција вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Буџетот за 2010 година е за 2,1 проценти помал од буџетот за 2020 година, а предвидува економско заздравување и забрзан раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, како и развој на човечките ресурси и еднакви можности за граѓаните.

– Очекуваме значително зголемување на приходите, за околу 8,3%, кои се очекува да бидат 212,6 милијарди денари или 3,45 милијарди евра, со што буџетскиот дефицит, од 8,5%, колку што ќе биде во 2020 година, ќе падне на 4,9% од БДП. Кога споменав дека овој буџет ќе влијае на понатамошна консолидација, тоа значи дека имаме план, во наредните 5 години, односно во 2025 година, буџетскиот дефицит да го спуштиме до 2,5% од БДП – соопшти Битиќи, додавајќи дека со овој буџет и со наредните, се очекува да се вратиме на преткризното ниво на БДП веќе во втората половина на 2022 година, а веќе во 2025 година, нашата економија да расте со стапка од 5,9%.

Доколку се се одвива по зацртаните проекции, се очекува овој буџет да обезбеди раст на бруто домашниот производ од 4,1%, да се стимулира извозот, кој се очекува да порасне за 14,4%, воедно да пораснат и бруто инвестициите за 8,4%. Како една од поважните компоненти во формирањето на БДП е приватната потрошувачка за која има проекција за раст од 3,8%, а раздвижувањето на економската активност се очекува дека ќе доведе и до зголемување на бројот на вработени за околу 2%.

За капиталните проекти се предвидени 23 милијарди денари (374 милиони евра) и се повисоки за 20% во однос на вториот ребаланс на буџетот за 2020 година. Со буџетот се планирани и средства во износ од 3 милијарди денари, или околу 50 милиони евра, за евентуални идни мерки за справување со Ковид кризата, со кои ќе се поддржи стопанството и граѓаните.

Една од најголемите поединечни програми е за поттикнување на вработувањето, која оваа година ќе изнесува 1,9 милијарди денари и ќе овозможи поддршка за формирање на нови компании, преку самовработување и вработување на други невработени лица, но и обуки за невработените, за да се помогне во процесот на преквалификација и доквалификација на достапниот кадар за надминување на јазот на побарувачката и понудата на пазарот на трудот.

Продолжува и спроведувањето на мерките од Планот за економски раст, односно со поддршката на компаниите преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и Програмата за поддршка на микро, мали и средни компании на Фондот за иновации и технолошки развој, за кој во наредната година се проектирани над 2,5 милијарди денари или околу 41,1 милиони евра. За инвестиции во инфраструктурата во технолошко-индустриските развојни зони, се планирани 496 милиони денари, или 8 милиони евра, а за за рамномерен регионален развој преку соодветната програма во министерството за локална самоуправа, оваа година ќе се издвојат 453 милиони денари, или околу 7,5 милиони евра што е за 33% повеќе од 2020 година.

Како што посочи Битиќи, буџетот за 2021 година е димензиониран и проектиран да одговори на реалните потреби на државата, стопанството и граѓаните, а воедно побрз и одржлив раст и развој. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ