понеделник, ноември 18, 2024
домаБлендер - фестивал за децентрализирана култура 2019

Блендер – фестивал за децентрализирана култура 2019

На 13 јуни и 15 јуни во Капан ан и Кинотека ќе се одржи првиот дел на „Блендер – фестивал за децентрализирана култура 2019“ во организација на невладината огранизација Кино – Балкан. Целта на овој проект е коренита и суштинска децентрализација на културата во државата преку креирање на интрарегионални партнерства меѓу локалните институции, организации и индивидуалци, како и нивно вмрежување со сродни институции од главниот град. Целта не е само организирање на еден ефемерен настан, туку поставување темели за понатамошни слични акции и случувања кои директно ќе ја збогат локалната културна сцена и ќе создадат плодно тло за самоорганизирање и иницијатива.

Во Капан ан на 13 јуни на полноќ  ќе има диџеј сет на Мартчин и Роботек. Влезот е слободен. Во Кинотека на Република Северна  Македонија на 15 јуни на програмата од 20 часот е проекција на филмови на Божа Васиќ (Нови Сад, Србија): „ ДАМИ ВО БЕЛО“ (LAS DAMAS DE BLANCO – LADIES IN WHITE), „ДЕФИНИРАЊЕ НА ГРАВИТАЦИЈАТА“ (DEFYING GRAVITY – DANZA VOLUMINOSA), како и изложба на фотографии од серијата „Поместување – кога твојот свет се превртува наопаку“ и концерт на „The Local Blue“.

Музиката на скопското трио „The Local Blue“ е динамична и психоделична. Нивниот звук не може да се опише како збир на секојдневни, тривијални вибрации, ниту пак да се дефинира низ призмата на постоечките жанрови. Напротив, текстурата на звукот на „The Local Blue“ претставува цврста основа за креирање несекојдневни и уникатни звуци кои се филтрираат преку кохезивноста на инструменталистите. Нивната константна склоност кон импровизациските преформанси се одразува на развојот на нивните творечки процеси и воедно продолжува да ја збогатува андерграунд сцената во скопските кругови.

За време на настанот ќе може да се купи пиво од производители на домашно занаетчиско крафт пиво, исто така  Граѓанската иницијатива „Шепасти Ентузијасти“ во рамки на „Блендер – фестивал за децентрализирана култура 2019“ на 15 јуни почнувајќи од 20 часот во Кинотека ќе има штанд каде се поканети сите сопственици и љубители на животни. „Шепасти Ентузијасти“ е Граѓанска иницијатива за заштита на животните, која има 16 кучиња кои ги лекуваат, а некои чекаат и дом. И во таа прилика може да поразговарате за совети за вашите миленици и да донирате, секоја донација оди 100% за спасените животинки.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ