Бојкотот како немоќен крик или вистински притисок?

0
9

Граѓанскиот бојкот на маркетите, закажан за утре, е очајнички обид да се испрати порака до трговците и институциите, но прашањето е дали навистина ќе има ефект или ќе остане само краткотраен бунт што никого не загрижува. Еднодневен прекин на купувањето нема да ја разниша моќта на маркетите, ниту ќе ги натера политичарите да делуваат. Продажбата ќе опадне за еден ден, но веќе следниот сè ќе се врати во нормала, а цените ќе продолжат да растат.

Ако ова не е само изолиран потег, туку дел од посилен и континуиран граѓански притисок, тогаш може да биде предупредување што нема да се игнорира. Без јасни барања, без стратегија за следни чекори и без подготвеност за вистинска битка, бојкотот ќе остане симболичен гест што ќе биде заборавен побрзо отколку што цените ќе пораснат уште еднаш.

С.Н.